Тен Хаг: Манчестер јунајтед ни следната сезона нема да се бори за титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг кажа дека неговата екипа ниту следната сезона не може да се бори за титулата во Премиерлигата.

Тен Хаг посочи дека му се потребни засилувања на неколку позиции во тимот, а главна цел за следната сезона им е пласман во топ-4.

„Кога ќе бидат сите фудбалери на располагање, може да се бориме за топ-4. Можеме да бидеме и поблиску, ако ангажираме соодветни засилувања. Потребни ни се играчи на клучни позиции во тимот“, кажа Тен Хаг.

Јунајтед во моментов е на шестата позиција со 13 бодови помалку од Астон вила која во моментов е на четвртата позиција.