Тен Хаг: Мора да ја научиме лекцијата од мечот со Галатасарај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра 3-3 против Галатасарај во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и во последното коло ќе треба да слави против Баерн Минхен и да се надева на реми меѓу Копенхаген и Галатасарај за да обезбеди пласман во осминафинале.

Тренерот Ерик Тен Хаг е разочаран од резултатот затоа што неговиот тим водеше со 3-1, но потоа прими два гола, и тоа еден по грешка на голманот Онана.

„Водевме, а потоа ја загубивме предноста. Задоволен сум од начинот на кој игравме. Сепак, морам да го критикувам тимот за дефанзивните обврски. Мора да ја научиме лекцијата од овој натпревар. Но задоволен сум бидејќи стилот на тимот е активен и динамичен, мислам дека се движиме во вистински правец“, кажа Тен Хаг.