Тен Хаг: Можевме да го добиеме дербито, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби од Манчестер сити на „Итихад“ до 1-3 во 27. коло од англиската Премиерлига, а тренерот Ерик Тен Хаг даде коментар на играта на неговите избраници.

Тен Хаг кажа дека неговите фудбалери можеле да го завршат мечот и како победници, но немале среќа на крајот.

„Бевме одлични во одбрана и блиску до победа или реми. Играчите дадоа сè од себе. Имавме двајца фудбалери на теренот кои не беа 100 отсто подготвени, но Џони Еванс и Маркус Рашфорд дадоа максимум на теренот“, кажа Тен Хаг.