Тен Хаг на изненадувачки начин доби отказ: Сите клубови ги донесов до трофеи


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Холандскиот тренер Ерик Тен Хаг стана дел од историјата на Бундеслигата, но поради неславен настан – тој стана тренерот кој најбрзо е отпуштен. Баер Леверкузен вчера ја потврди нивната разделба, откако Тен Хаг се задржа само два натпревара во новата сезона.

Во овие два натпревара, вицешампионот на Германија зеде само еден бод, резултат кој го сметале како недоволен од страна на управата на клубот. Одлуката предизвика бројни реакции во светската спортска јавност, бидејќи брзото менување на тренер е реткост во врвниот фудбал.

„Во текот на мојата кариера, секоја сезона што успеав да ја завршам беше успешна, а клубовите што ми веруваа беа наградени со трофеи“, кажа Тен Хаг.

Фото: Принтскрин