Тен Хаг најави возбудливо лето на трансфер-маркетот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг има солидни резултати со Манчестер јунајтед и на праг е да заврши во топ-4 во Премиерлигата.

Тен Хаг веќе почнал да размислува за засилувања во летниот преоден рок, па на навивачите им најави возбудливо лето.

„Сега гледам разлика во споредба со тоа што се случуваше пред една година. Минатата година, имаше многу фудбалери кои гледаа со резерва на Јунајтед, но сега е поинаку. Многу играчи сакаат да дојдат кај нас. Квалитетот е подобар и ќе имаме возбудливо лето. Освоивме еден трофеј, а ќе се бориме за уште еден и мора да останеме во топ-4 до крај на сезоната“, кажа Тен Хаг.