Тен Хаг не се предава: Жал ми е за навивачите, но јас сум борец!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Манчестер јунајтед доживеа два порази во три дена со по 0-3 од Манчестер сити и Њукасл, но ниту тоа не го обесхрабри тренерот Ерик Тен Хаг.

По елиминацијата од Лига Купот, навивачите побараа смена на тренерот, но тој не се предава и вели дека ќе се бори и понатаму за клубот.

„Одговорен сум за поразите, но на ова гледам како еден голем предизвик. Морам да бидам заедно со фудбалерите и да се бориме до крај. Жал ми е за навивачите, но мора да знаат дека сум борец и не се откажувам“, кажа Тен Хаг.

„Ѓаволите“ во моментов имаат 11 бодови помалку од лидерот Тотнем во Премиерлигата.