Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед го освои третото место во англиската Премиерлига оваа сезона, а тренерот Ерик Тен Хаг следната година сака да ја нападне титулата.
Манчестер јунајтед не купуваше засилувања во јануари, туку на позајмица ги донесе Вут Вегхорст, Марсел Сабицер и Џек Батленд, но Тен Хаг сака квалитетни фудбалери на лето.
Еден од нив треба да биде англискиот напаѓач Хари Кејн, кој и сезонава беше одличен во дресот на Тотнем, иако не освои ниту една титула.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ, исто така, се споменува како потенцијално засилување на „црвените ѓаволи“ бидејќи има уште една година од договорот со Лацио.
Тен Хаг мисли и на иднината на Хари Мегваер, кој се покажа како огромно промашување, па планот е да го испрати на позајмица во друг клуб, а за неговите услуги се заинтересирани Рома, Интер, Милан и Јувентус.