Тен Хаг: Не се сомневам дека Роналдо ќе даде уште многу голови за Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо беше вратен во првиот тим на екипата, откако успешно ја одработи казната од тренерот Ерик Тен Хаг.

Роналдо се запиша во листата на стрелци на мечот против Шериф Тираспол, а Тен Хаг кажа пофални зборови за Португалецот.

Ѕвездата на Јунајтед не играше против Челси и тренираше со младинците поради неговиот потег против Тотенхем, но сепак брзо си го заслужи своето место во првиот тим.

„Среќен сум поради Роналдо, му требаше гол за да се врати во ритам. Даде сè од себе и заслужи да погоди. Цела екипа му помагаше и не се сомневам дека Роналдо ќе даде уште многу голови за Јунајтед“, вели Тен Хаг.