„Тен Хаг нема избор, Роналдо го чека неславен крај во Јунајтед!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо веќе со денови е главна тема откако одби да влезе во игра против Тотенхем во завршницата од мечот, по што тренерот Ерик Тен Хаг го исфрли од првиот тим на Манчестер јунајтед.

Тен Хаг реши да го отстрани Роналдо на одредено време од екипата, а Гери Невил смета дека тоа е добра одлука и Португалецот го чека неславен крај на „Олд Трафорд“.

„За мене, Тен Хаг немаше избор, немаше друга опција. Кристијано двапати го напушти теренот, не може такво нешто да се повторува. Во неговата објава вели дека ја почитува одлуката и соиграчите, а потоа прави лош чекор. Мислам дека ќе има неславен крај во Јунајтед“, вели Невил.

Роналдо веќе бара нова опција за неговата кариера, а се споменуваше Челси како потенцијална дестинација, но сепак сè уште нема конкретни потези од Лондон.