Тен Хаг носи нова ѕвезда во Јунајтед: Има 19 години и игра за клуб од Лисабон


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Сериозна криза го тресе Манчестер јунајтед по лошиот почеток на сезоната, а најголеми критики доби тренерот Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг планира во јануари да купи уште неколку фудбалери, а англиските медиуми пишуваат дека изборот паднална 19-годишниот Жоао Невеш од Бенфика.

Невеш има само 19 години, игра во средината на теренот и минатата сезона беше стандарден во тимот од Лисабон.

Неговата вредност на трансфер-маркетот се проценува на 20 милиони евра, но има договор со Бенфика до 2028 година, па сигурно португалската екипа ќе бара двојно повеќе пари за трансфер на талентираниот играч.