Тен Хаг објасни зошто му се развикал на Марсијал (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше поразен на „Сент Џејмс парк“ со 0-1 од Њукасл, а мечот го одбележа една ситуација кога тренерот Ерик Тен Хаг му се звика на Ентони Марсијал.

Тен Хаг не беше среќен од Марсијал поради неговиот пресинг, а по натпреварот ја објасни неговата бурна реакција.

„Тоа не беше ништо лично за Марсијал, туку порака за цел тим. Се обидов да им ја пренесам енергијата на теренот и барав реакција. Минуваме низ тежок период и сметам дека е потребно некогаш да ги освестам фудбалерите. Понекогаш ние тренерите сме поагресивни од што е потребно“, вели Тен Хаг.