Тен Хаг објасни зошто Роналдо бил капитен и повторно го понижи!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера загуби на гостувањето кај Астон вила со 1-3 во мечот од 15. коло во Премиерлигата, а најмногу критики доби Кристијано Роналдо кој заигра од првата минута и ја доби капитенската лента.

Роналдо ги помина сите 90 минути на теренот, но не се прослави, по што Тен Хаг кажа дека Португалецот не бил прв избор ниту за капитенската лента, туку имал поинаков план.

„Хари Мегваер остана на клупа и се знае дека тој ни е прв капитен. Потоа мислев да му ја дадам капитенската лента на Давид де Хеа затоа што е лидер, но тој е голман. Па помислив на Касемиро, но тој не зборува англиски најдобро и затоа решив Роналдо да ја носи“, вели Тен Хаг.

Искусниот 37-годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 16 натпревари и постигна само три гола и две асистенции.