Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг не може да смета на Расмус Хојлунд и кристијан Ериксен кои се повредиле на мечот против Лутон.
Хојлунд го истегнал мускулот на десната нога и ќе паузира до крајот на ноември, додека Ериксен се здобил со повреда на левото рамо и ќе паузира еден месец.
Двајцата фудбалери ќе ги пропуштат и натпреварите на Данска во евроквалификациите против Словенија и Северна Ирска.
Тен Хаг веќе има проблеми со повредени играчи бидејќи не може да смета на Касемиро, Тајлер, Маласија, Лук Шо и Лисандро Мартинез.