Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо сака да си замине од Манчестер јунајтед и тоа не е тајна, затоа што сака да игра во Лигата на шампиони (ЛШ), но Португалецот има проблеми да си најде нов тим.
Неговиот менаџер Жорж Мендеш го нудеше на неколку клубови, но на крајот Роналдо беше одбиен од Челси, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
Роналдо денеска пристигна на „Олд Трафорд“, каде што имаше разговори со тренерот Ерик Тен Хаг и легендарниот стратег Сер Алекс Фергусон, а медиумите објавија детали од состанокот.
Шпанските медиуми откриваат дека Роналдо се согласил да потпише нов договор со Јунајтед, но само ако оваа сезона игра на позајмица во клуб кој е дел од ЛШ.
Роналдо има договор на уште една сезона со „црвените ѓаволи“, но е разочаран што не обезбедија место во топ-4 во Премиерлигата.