Тен Хаг по поразот од Челси: Доминиравме, но успеавме да загубиме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси во драматична завршница го совлада Манчестер јунајтед со 4-3, а тренерот Ерик Тен Хаг беше лут на своите избраници.

„Сините“ имаа предност од 2-0 во првото полувреме, но потоа примија дури три гола по ред и сè до 96. минута се наоѓаа пред пораз кога Палмер блесна со два гола.

Тен Хаг кажа дека неговите фудбалери не знаат да ја завршат работата до крај и затоа ги загубиле бодовите.

„Што да кажам? Доминиравме, а успеавме да загубиме. Заслуживме три бодови од овој меч, но лесно се предадовме на крајот. Нашиот тим имаше лоши одлуки во финишот“, кажа Тен Хаг.