Тен Хаг по шпекулациите за отказ: Газдите сакаат да изградат моќен тим заедно со мене


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


По шпекулациите дека Ерик Тен Хаг ќе добие отказ по финалето во ФА-купот против Манчестер сити, тренерот реши да даде свој коментар и смета дека ќе остане во клубот.

Новинарот Фабрицио Романо ја објави изјавата на Тен Хаг кој вели дека зборувал со газдите и се договорил да остане.

„Новите газди ми кажаа дека сакаат да променат сè. И тие сакаат да направат реконструкција и моќен тим заедно со мене. Манчестер јунајтед ја освои Премиерлигата за последен пат во 2013 година, но тие очекуваат од нас да се вратиме на врвот. Сепак, клубот не е подготвен за такво нешто“, кажа Тен Хаг.