Тен Хаг почна со промени на „Олд Трафорд“, а прв кој доживеа удар е – Мегваер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг бара нови засилувања на трансфер-маркетот, а веќе почна да го средува и тимот кој го има на располагање во моментов.

Тен Хаг веднаш почна со замени, па така се очекува наскоро да има состанок со Хари Мегваер на почетокот на јули, кога ќе му ја одземе капитенската лента.

Мегваер ги разочара сите со неговите настапи, па ќе мора да му ја отстапи капитенската лента на Давид де Хеа.

Дефанзивецот ја носи капитенската лента од јануари 2020 година, откако пристигна од Лестер сити, но минатата сезона беше кошмарна за Мегваер, кој често беше исмејуван и критикуван поради неговите настапи.