Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот Ерик Тен Хаг вовел пет строги правила во Манчестер јунајтед откако седнал на кормилото на англискиот гигант.
Англиските медиуми пишуваат дека Џејдон Санчо прекршил дел од нив и затоа повеќе го нема во првиот тим.
Санчо тренира одделно од останатите соиграчи, а сега медиумите ги открија правилата кои ги поставил Тен Хаг.
„Фудбалерите ќе бидат исфрлени од екипата ако доцнат на тренинзи или состаноци. Играчите не смеат да пијат алкохол во неделите кога се играат натпревари. фудбалерите мора да јадат храна која се подготвува во клубот. Тежината на играчите се проверува еднаш месечно. Играчите мора да се пожалат директно на Тен Хаг, а не на нивните агенти“, се правилата на Тен Хаг.