Тен Хаг: Постојано ми зборуваа дека нема да успеам со Манчестер јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг откри дека неговите пријатели не го поддржале при неговата преселба во премиерлигашот затоа што сметале дека нема да успее.

Тен Хаг уште во првата сезона го освои Лига Купот со „ѓаволите“ и така го прекина постот без освоен трофеј на гигантот.

„Сите ми велеа дека нема да успеам. Ми рекоа дека е невозможно. Но, јас го сакав предизвикот, сметав дека нема да биде лесно, но не се откажував. Јунајтед е голем клуб, а јас сакам такви екипи“, кажа Тен Хаг.

Холанѓанецот исто така кажа дека нема да трошат многу пари на засилувања во јануари.