Тен Хаг прави „чуда“ на „Олд Трафорд“: Јунајтед ќе потпише со еден од најголемите таленти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг планира да го препороди Манчестер јунајтед и да го врати во трката за титулата, а најпрво воведе нови правила кои ќе мора да бидат почитувани од страна на ѕвездите.

На Тен Хаг му се предвидува одлична кариера во Манчестер, а резултатите во следниот период ќе покажат дали „ѓаволите“ направиле вистински избор.

Во меѓувреме тренерот мисли на иднината, па сака да потпише договор со Дан-Аксел Загаду, кој треба да пристигне во клубот како слободен играч, со оглед на тоа дека му заврши договорот со Борусија Дортмунд.

За првиот тим на Дортмунд дебитираше во 2017 година и притоа настапи на 92 натпревари за германскиот гигант.