Тен Хаг: Роналдо одби да игра против Тотенхем – мора да има последици!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо веќе два дена е главна тема во англиските медиуми поради тоа што одби да влезе од клупата за резервни играчи во финишот од дуелот против Тотенхем (2-0).

Во медиумите се појавија шпекулации дека Роналдо не сакал да влезе во игра, а тоа го потврди и тренерот Ерик Тен Хаг, кој кажа дека мора да има последици за секој потег.

„Да, Роналдо одби да игра против Тотенхем. Мора да има последици. Важно е за атмосферата во клубот. Деталите ќе останат меѓу Роналдо и мене. Соопштението исто така е јасно. Роналдо останува важен дел од екипата. Јас сум одговорен за тоа што се случува во тимот. Фудбалот е тимски спорт, мора да бидете свесни за тоа“, вели Тен Хаг.

Роналдо вчера доби казна од „црвените ѓаволи“, па нема да биде дел од составот кој ќе патува во Лондон на дербито против Челси.