Тен Хаг сака да се засили со ѕвезда на Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг веќе направи неколку промени во екипата, која сака да ја врати во борбата за врвот во Премиерлигата, но Холанѓанецот од раководството бара уште неколку засилувања.

Една од желбите на Тен Хаг е ѕвездата на Челси, Хаким Зијех, кој долго време се поврзуваше со заминување од лондонскиот гигант.

Челси е подготвен да го продаде Зијех бидејќи неодамна се засили со Рахим Стерлинг, но сепак Мароканецот најверојатно нема да се пресели во Манчестер бидејќи управата на Јунајтед го блокирала трансферот.

Јунајтед сака да го купи Ентони од Ајакс, кој би бил многу поевтина опција од Зијех, а притоа станува збор за талентиран фудбалер.