Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг соопшти дека сака да ангажира пет фудбалери во летниот преоден рок, а тоа се Френки де Јонг, Калвин Филипс, Деклан Рајс, Н’Голо Канте и Дарвин Нуњез.
Британските медиуми пишуваат дека Јунајтед не се откажува од Де Јонг, кој соработуваше со Тен Хаг во Ајакс, но фудбалерот претходно одби да ја напушти Барселона затоа што премиерлигашот сака да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).
Холанѓанецот го сака и Филипс, кој е член на Лидс, но и Рајс од Вест Хем, но лондонскиот тим бара премногу пари за Рајс.
Тен Хаг планира да потпише и со Канте, но францускиот репрезентативец има често проблеми со повреди, додека петто засилување треба да биде одличниот напаѓач на Бенфика, Дарвин Нуњез.