Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг предизвика шпекулации со неговиот потег да го остави Маркус Рашфорд на клупа против Кристал Палас.
Тен Хаг постојано посочуваше дека Рашфорд е во одлична голгетерска форма, меѓутоа на навивачите не им се допадна неговиот потег кон Англичанецот.
Џејми Рднап кажа дека нешто се случило меѓу Тен Хаг и Рашфорд, но тренерот на „црвените ѓаволи“ веднаш реагираше.
„Ги слушнав шпекулациите. Тоа е навистина луд, мора да си луд човек да помислиш такво нешто без да имаш точна информација“, кажа Тен Хаг.