Тен Хаг се пожали по поразот од Арсенал: Сè беше против нас – судии, ВАР…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Арсенал со 1-3 во дербито од четвртото коло, а тренерот Ерик Тен Хаг смета дека неговите фудбалери имале добар настап и не заслужиле пораз.

Во завршницата на дуелот му беше поништен гол на Гарначо, по што Арсенал преку Рајс и Жесус ги постави конечните 3-1.

Тен Хаг вели дека сè било против „црвените ѓаволи“ во Лондон и смета дека судиите го оштетиле неговиот тим.

„Мислев дека имаме добар натпревар, но сè беше против нас. Немаше офсајд кај Гарначо, туку тоа беше погрешен агол. Имаше и пенал за Хојлунд, како и прекршок врз Џони Еванс кога примивме гол“, вели Тен Хаг.