Тен Хаг со „брзина на светлината“ ќе се ослободи од фудбалер вреден 55 милиони фунти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓанецот Ерик Тен Хаг реши да прави промени во Манчестер јунајтед, па така сега реши да се ослободи од едно од претходните засилувања на екипата.

Тен Хаг решил да го избрка Арон Ван-Бисака за кој „црвените ѓаволи“ платија 55 милиони фунти и чиј договор важи до 2024 година.

Овој десен бек стигна во Манчестер од Кристал Палас уште во 2019 година и се покажа како големо промашување на англискиот гигант, но набрзо ќе мора да си бара нова екипа.

Тен Хаг планира да го продаде Ван-Бисака, иако не се исклучува можноста и за позајмица ако не се најде заинтересиран тим кој ќе испрати прифатлива понуда.