Тен Хаг: Треба ли да повторам 20 пати? Управата сака да останам!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја заврши сезоната со трофеј во ФА-купот, а со тоа обезбеди и место во Лига Европа.

Тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека не планира да замине од Манчестер јунајтед и раководството веќе му соопштило дека ќе работи со него и следната сезона.

Новинарите повторно му го поставија истото прашање на Холанѓанецот, кој се изнервира и даде краток одговор.

„Дали треба да повторам 20 пати? Тие не мора да ми повторуваат сеокја недела дека ќе останам. Дали клубот зборува со други тренери? Не знам, не можам да одговорам на тоа прашање“, кажа Тен Хаг.