Тен Хаг троши 50 милиони евра за засилување од Интер


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Манчестер јунајтед оваа сезона нема добри резултати и тренерот Ерик Тен Хаг се обидува да најде нови засилувања за јануари.

Тен Хаг нема да добие отказ од премиерлигашот, откако управата соопшти дека тренерот има поддршка, а притоа ќе му даде пари и за нови засилувања.

Едно од засилувањата би можел да биде Федерико Димарко од Интер, кој ќе ги чини „ѓаволите“ околу 50 милиони евра.

Интер не сака ниту да почне преговори за сума помала од 50 милиони евра, па во следниот период се очекува официјална понуда од гигантот од „Олд Трафорд“.