Тен Хаг: Уште е рано да нè судите, ќе зборуваме на крај на сезоната!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Манчестер јунајтед има катастрофален почеток на сезоната, па сè повеќе се зголемува притисокот врз тренерот Ерик Тен Хаг кој се правда за лошите резултати.

„Ѓаволите“ вчера се спасија од пораз со гол на најкритикуваниот дефанзивец Хари Мегваер, а по мечот Тен Хаг кажа дека сè уште е рано да се суди за нивните резултати.

„Ќе го постигнеме тоа што го сакаме. Многу рано нè осудувате, ќе зборуваме на крајот на сезоната. Зад нас имаме две сезони во кои игравме финалиња. Само почекајте до крајот“, кажа Тен Хаг.