Тен Хаг уште сега го боли глава: Четири играчи на Јунајтед се меѓу најлошите во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед доби нов тренер Ерик Тен Хаг, кој ќе седне на кормилото на крајот на сезоната, но тој ќе има многу работа во премиерлигашот.

Новите податоци за најлоши фудбалери во Премиерлигата покажуваат дека на врвот на листата се двајца играчи на Јунајтед, а тоа се Хари Мегваер и Немања Матиќ.

Статистиката на познатиот сајт „ХуСкорд“ на табелата со грешки направи список од 10 фудбалери, а на врвот се наоѓаат Мегваер со седум и Матиќ со шест грешки, додека на последните две места на табелата има уште двајца „ѓаволи“.

Таму се наоѓаат Лук Шо и Арон Ван-Бисака со по четири грешки, па Тен Хаг ќе мора да бара решение за овие проблеми.