Тен Хаг во јануари ќе се збогува со две ѕвезди


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа загуби на гостувањето кај Копенхаген со 3-4 во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа го вклучи алармот кај тренерот Ерик Тен Хаг.

Англиските медиуми пишуваат дека Тен Хаг веќе отпишал две ѕвезди со кои ќе се збогува уште во јануари, а тоа се Рафаел Варан и Касемиро.

Французинот постојано е повреден и не може да се врати во форма, а Касемиро оваа сезона е разочарување, иако минатата година беше многу добар во дресот на „ѓаволите“.

За двајцата фудбалери се заинтересирани неколку тимови од Саудиска Арабија, кои веќе испратиле понуди и се очекува Варан и Касемиро во јануари да го напуштат „Олд Трафорд“.