Тен Хаг за Роналдо: Ништо не е сменето, не сакам да долевам масло на огнот!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг кажа дека ситуацијата со Кристијано Роналдо не е променета, односно тој останува негов избор за следната сезона.

Долго време се шпекулира дека Роналдо ќе замине од „Олд Трафорд“, но тоа не се случи барем засега, најверојатно Роналдо ќе остане во екипата.

„Мислам дека Јунајтед има голем потенцијал и квалитетни фудбалери. Имаме искусни, но и млади играчи. Имавме соопштение за Роналдо и ништо не е сменето, не сакам да долевам масло на огнот“, кажа Тен Хаг.

Јунајтед минатата сезона освои само 58 бода и беше големо разочарување, иако сите очекуваа тимот да се бори за титулата.