Тен Хаг застана во одбрана на Онана по ремито во Истанбул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андре Онана прими два аматерски голови против Галатасарај и така Манчестер јунајтед остана без победа (2-2) во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Ерик Тен Хаг застана во одбрана на неговиот голман и кажа дека не треба да се зборува за грешки на поединци.

„Андре Онана е добро. Како што реков, никогаш не се работи за поединци. Се разбира, индивидуалните грешки можат да направат разлика во фудбалот и има одговорност за тоа, но ние секогаш гледаме да поправиме се што можеме како тим“, изјави Тен Хаг.