Тенисери од топ-50 осомничени за местење натпревари!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон по седми пат во кариерата, а веднаш по крајот на турнирот се појавија вести кои привлекоа големо внимание.

Двајца тенисери кои се наоѓаат во топ-50 учествувале во наместен меч, а тоа се Аслан Карацев и Николоз Басилашвили, како и нивниот поранешен тренер Јахор Јацик.

Карацев е обвинет за местење еден меч во конкуренција во двојки во Казахстан, додека Басилашвили е под истрага поради неговиот прв меч во конкуренција на двојки минатата година на Вимблдон.

Тренерот Јацик соработуваше со Карацев и Басилашвили, по што се разделија, а сега истрагата ќе покаже дали се виновни, по што може да добијат драстични казни.