Тенисерот среде натпревар си запали – цигара (Фото)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Аргентинскиот тенисер Франциско Комесања ги помина квалификациите за престижниот Мастерс турнир во Мајами, но неговото учество на главниот турнир заврши брзо, бидејќи беше елиминиран во првото коло. Иако неговиот настап не го привлече вниманието на публиката и медиумите, еден необичен момент од квалификациите не остана незабележан.

Додека траеше неговиот прв квалификациски меч против Американецот Мајкл Мо, Комесања победи во првиот сет со убедлив резултат од 6-3. Наместо да се концентрира на совети од тренерот или да се одмори за време на паузата меѓу сетовите, Аргентинецот приреди изненадувачки потег – запали цигара на теренот.