Тенисот не памети вакво понижување на еден од најдобрите во светот (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Невероватен резултат се случи во денешниот дуел од 2. коло на Мастерсот во Монте Карло. Матео Беретини го декласира десеттиот светски тенисер Данил Медведев со 2:0. Русинот не освои ниту еден гем.

Неверојатно е она што му се случува на рускиот тенисер Данил Медведев. Тој денес во 2. коло на АТП Мастерсот во Монте Карло беше декласиран од Италијанецот Матео Беретини.

За само 49 минути сè беше завршено. Италијанецот ги освои двата сета со 6:0, што навистина е фасцинантно со оглед на тоа што Медведев е десеттиот играч во светот.

Сепак, Русинот денес не се “состена” со рекетот. Ја одигра најлошата партија во кариерата и првпат е поразен без освоен гем.

Сè што денес направи се две шанси за брејк во првиот гем на натпреварот. Остатокот од мечот го преспа и на крајот го доживеа најголемото понижување во кариерата.

Русинот замина со наведната глава од теренот, а 90. играч во светот Беретини изјави дека можеби ова му е најдобрата партија во кариерата.