Тензии во Мексико: Фудбалерките избегаа од теренот поради звуци како пукање (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Натпреварот на женските фудбалски екипи во Мексико беше прекинат откако во близина на стадионот се слушнаа звуци кои потсетуваа на пукање, поради што играчките од двете екипи во паника го напуштија теренот и побараа засолниште.

Инцидентот се случи во време на зголемен бран на насилство во земјата, откако мексиканските безбедносни сили ликвидираа водач на озлогласен нарко картел, само неколку месеци пред почетокот на Светското првенство 2026, каде што Мексико е една од домаќините.

Натпреварот од највисок ранг на женскиот фудбал помеѓу Некакса и Керетаро Феминил, одигран на стадионот Естадио Викторија, беше неочекувано прекинат во неделата. Судијката веднаш ги испрати играчките во соблекувалните, додека околу 400 гледачи на трибините побараа безбедно место.