Тео Ернандез се извини јавно: Ова е големо разочарување


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Синоќешниот натпревар за Милан заврши со елиминација од Лигата на шампиони откако беа поразени од Феенорд, а во центарот на критиките се најде Тео Хернандес.

Дефанзивецот на „росонерите“ доби исклучување поради непромислен потег во второто полувреме, обидувајќи се да добие пенал на нерегуларен начин.

Во тој момент, Милан го предводеше и контролираше натпреварот, па ваквиот чекор беше одлучувачки.

„Фудбалот е непредвидлив. Тој ни носи радосни моменти, но и болни искуства. Чувствувам големо разочарување. Им се извинувам на моите соиграчи што мораа да играат со играч помалку на теренот. Им се извинувам и на нашите навивачи кои секогаш се со нас. Но, овој клуб е како едно семејство и заедно ќе се опоравиме. Ќе бидеме сплотени, и тоа од моја страна започнува“, јавно се извини Французинот.