Тепачка меѓу фудбалерите на Партизан и Војводина по мечот, учествуваше и тренер (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога судијата даде знак за крај на мечот меѓу Војводина и Партизан (1-0), неколку фудбалери влегоа во клинч, а режисерот на преносот на „Арена Спорт“ во кадар веднаш префрли снимка од инцидентот.

Не можеше многу да се забележи што се случува на теренот, освен дека во тек е тепачка, но затоа може да погледнете и снимка каде што тренерот Ненад Лалатовиќ се обидува да се пресмета со фудбалерите на Партизан, додека од трибината „Гробари“ ја навредуваат неговата поранешна сопруга.

На една од снимките се гледа дека фудбалерот на Партизан, Игор Вујачиќ добива и удар во глава.