Тепачка на натпреварот меѓу Клиперси и Денвер (Видео)


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија ЛА Клиперс со 101:99 со забивање на Аарон Гордон со звукот на сирената и изедначија на 2:2 во првиот круг на плејофот во НБА лигата. Натпреварот го одбележа и конфликтот меѓу играчите на теренот, а еден од оние кој спречи да не прерасне во општа тепачка беше Ивица Зубац.

До конфликт дојде на самиот крај на втората четвртина кога Кристијан Браун, во обид да ја земе топката од рацете на Џејмс Харден, ненамерно го удри плејмејкерот на Клиперс. Харден веднаш ја испушти топката и му се внесе во лице на противникот.

Ситуацијата дојде да ја расчисти Никола Јокиќ, а веднаш тука беше и Ивица Зубац. Потоа Харден го бутна Јокиќ. На тоа реагираше Аарон Гордон кој го турна Харден, кој одговори така што замавна кон неговиот врат.

Фотографија: Принтскрин