Тер Штеген сака да ѝ се одмазди на Барселона, веќе се појави заинтересиран гигант


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Барселона јасно му стави до знаење на Марк-Андре тер Штеген дека повеќе не сметаат на него и дека може да бара нов клуб, а изгледа дека за германскиот голман тоа нема да биде премногу тешко, бидејќи се појави веќе еден голем клуб кој би го сакал во своите редови.

Тер Штеген веќе со години е првиот голман на Барселона и се очекуваше дека така ќе биде и во следните сезони, но Каталонците ги шокираа сите со одлуката да го постават на трансфер листа.

Наводно, Тер Штеген не се откажува така лесно и е подготвен за „војна“, но прашање е дали ќе истрае во тоа, бидејќи од Барселона му порачаа дека во случај да одбие заминување, ќе биде само трет голман.

Тие се надеваат дека Тер Штеген ќе си замине ова лето и јасно е дека нема да му биде проблем да најде нов клуб бидејќи еден голем клуб веќе покажал интерес за него.

Прашувањето е Милан, бидејќи Игли Таре контактирал со Барселона за да се распраша околу Тер Штеген и добил информација дека тој навистина е на продажба.

Росонерите веруваат дека тој би бил идеално засилување и му нудат место прв голман на Сан Сиро, бидејќи Магнан скоро сигурно ќе го напушти клубот и ќе премине во Челси.

Фото: Принтскрин