Тер Штеген во конфликт со Барселона – го комплицира животот на Каталонците


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот чувар на мрежата, Марк-Андре Тер Штеген, влезе во нов конфликт со Барселона, откако изрази несогласување околу испраќањето на неговиот медицински извештај до Лекарската комисија на Ла Лига. Според извори од шпанските медиуми, тој одбива да потпише документ кој е клучен за клубот, со што ја блокира можноста Барселона да користи 80% од неговата плата за регистрација на нови фудбалери.

Овој чекор го усложнува финансискиот план на каталонците, па управата брзо започна дисциплинска постапка против 32-годишниот голман. Се претпоставува дека можат да следат значајни санкции, вклучувајќи голема парична казна, бидејќи клубот го смета неговото постапување за негативно и деструктивно.

Ова е само последната епизода во серијата раздори меѓу двете страни. Тер Штеген претходно одби да се согласи на трансфер, дури и кога плановите за новата сезона го поставија на третата позиција во голманската хиерархија. Првиот избор за новата сезона ќе биде младиот Жоан Гарсија, а искусниот Војчех Шчесни пристигна како негова резерва.

Тер Штеген има активен договор со Барселона до 2028 година, што го прави неговиот статус особено тежок за клубот.

Фото: Принтскрин