Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Марк-Андре Тер Штеген, германскиот голман, се наоѓа среде сериозна криза во Барселона, каде што загубил доверба од клупското раководство. Односите помеѓу него и претседателот Жоан Лапорта се значително влошени, бидејќи Тер Штеген ја одбил можноста за неколку трансфери, инсистирајќи да остане во тимот, наведуваат шпанските медиуми.
Во своите напори да го дистанцираат од составот, Барселона му ја одзеде капитенската лента, што е јасен показател за тензичните односи. На тоа се надоврзува и дисциплинската постапка што клубот ја отвори против германскиот голман, што дополнително ја зголемува драмата околу неговата позиција во тимот.
Медиумот „RAC1“ објави дека Лапорта „дури и не сака повеќе да слушне за Тер Штеген“, што покажува дека нивните разлики се длабоки и тешко решливи.
Фото: Принтскрин