Тери направи вистински бизнис и од луксузни домови заработи богатство (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на англискиот фудбал и Челси, Џон Тери очигледно не сака скромност. Иако минатата година реши да ја заврши кариерата, во која заработи многу пари, сепак пари никогаш нема премногу, па поради тоа Англичанецот реши да вложува во недвижнини.

Тој реши дополнително да го прошири бизнисот, па ќе направи две луксузни вили и така ќе ја зголеми вредноста, која во моментов изнесува 55 милиони евра.

Четири вили, кои се една покрај друга, имаат посебни влезови, па така секој купувач може да добие што ќе посака.

Тука се и базени, сауни, теретана, кино. Тери вложи многу пари во реновирање на вилите и тоа ќе му се исплати.

Неговиот профит од продажбата на вилите треба да изнесува околу 45 милиони евра и очигледно направи неверојатен бизнис.