Тери спречил еден од најдобрите напаѓачи во Англија да се пресели во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери направил навистина чуден потег во 2011 година, кој може да се смета како голема грешка, откако спречил неговиот клуб да го ангажира Серхио Агуеро.

Агуеро во 2011 година се поврзувал со Челси, а иако се договориле двете страни, сепак Аргентинецот се пресели во Манчестер сити, кадешто игра со многу успех.

Шпанските медиуми открија дека Агуеро сакал да се пресели во Челси и бил разочаран што тој трансфер не се остварил. Наводно, од Атлетико сега откриле дека виновник за тоа бил тогашниот капитен Тери.

Тери тогаш добро го чувал Агуеро и не бил воодушевен од него, па верувал дека 40 милиони евра се многу за таков фудбалер, но Аргентинецот докажа дека е врвна класа во претходните неколку сезони.