Тешка повреда на херојот на Летонија од Мундобаскетот (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари на Летонија, Артурс Жагарс ќе паузира неколку месеци откако се здоби со тешка повреда на мечот меѓу Вулфс и Лиеткабелис во литванското првенство.

Летонија го освои петтото место на Мундобаскетот, а херој на теренот беше Жагарс кој го урна рекордот на Тони Кукоч по број на асистенции на еден натпревар.

По првенството, Жагарс потпиша тригодишен договор со Фенербахче, а потоа беше испратен на позајмица во Вулфс.