Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бугарската фудбалска репрезентација доживеа тешка сообраќајна несреќа по слетувањето во Тбилиси, каде што требаше да одигра меч против Грузија.
На пат од аеродромот до хотелот, каде што екипата требаше да биде сместена, возачот на првиот од двата автобуса во кој бил бугарскиот тим, загубил контрола над возилото.
Несреќата се случила поради неприлагодена брзина во услови на дожд, а притоа настрадал бугарскиот репрезентативец Тодор Неделев, кој заврши во болница.
Неделев имал повреди на черепот, по што му била извршена операција која траела два часа и ќе мора да остане во болница околу седум дена.
Nesreća u Gruziji.. pic.twitter.com/h2LvxyJQH0
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) June 11, 2022