Тестот на Агуеро ги загрижи сите во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серхио Агуеро пред неколку дена официјално стана нов член на Барселона, како што се најавуваше и во претходниот период.

Аргентинецот потпиша за Каталонците како слободен играч, по што беше претставен на „Камп ноу“, а позираше за фоторепортерите во друштво на својата сопруга.

„Сите знаеме дека Барселона е најдобар клуб на светот, па поради тоа мислам дека ова е одличен потег за мене и чекор напред во кариерата. Сакам да им испратам прегратки на сите навивачи. Ќе дадам максимум“, кажа Агуеро.

Сепак, вчера се појавија информации дека Агуеро е позитивен на ковид-19. Сепак, стигна и демант и објаснување дека по позитивниот тест, Аргентинецот добил и негативен.

Што се крие зад тоа засега не е познато, но јасно е дека Барселона нема да ја остави туку-така работата.