Тевез е како виното: Со два гола блесна во победата на Бока јуниорс ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот Карлос Тевез игра феноменално во дресот на Бока јуниорс. Во рамки на шестото коло од Копа Либертадорес неговиот тим го совлада Каракас со 3-0, а два гола постигна токму напаѓачот.

Прво Лопез ја затресе мрежата на противникот, а потоа Тевез во период од десет минути постигна два гола и на пауза замина Бока со водство од 3-0.

Прво погоди по центар-шут од страна, а потоа сам си поигра со противниците и лесно стрелаше за нов гол.