Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Македонија против Данска

Македонија ја запиша четвртата победа во четвртиот меч од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2025 година, откако вечерва кошаркарите беа подобри од Данска со 74-71.

Натпреварот траеше цели два ипол часа, а на Македонија и требаше и едно продолжение по регуларниот дел за да ја скрши Данска, а голема заслуга за победата имаше и Ти-Џеј Шортс кој постигна 33 поени и шест асистенции.

Данска имаше осум поени разлика на средината на последната четвртина (52-60), но сепак Македонија успеа во завршницата да израмни, а потоа и да слави за четврта победа.

Македонија е прва во групата со четири победи и без пораз, додека зад нас се Норвешка и Шведска со по два триумфи и исто толку порази, а Данците се ужасни со четири порази.